среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Кошарка

Пораз на Далас и Бруклин и покрај одличните партии на Дончиќ и Дурент

Пораз на Далас и Бруклин и покрај одличните партии на Дончиќ и Дурент

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ оствари уште една неверојатна партија во НБА лигата, со 33 поени, 10 асистенции и 4 скока.Но тоа не беше доволно за Далас да забележи победа во дуелот со Вашингтон (114-120).

Предводник на гостите беше Бредли Бил со 26 поени, 7 асистенции и 5 скока. Одличен натпревар одигра и Кевин Дурент кој во поразот на Бруклин од Феникс со 107-113 запиша 39 поени на кои додаде и 9 скока и 7 асистенции.

На спротивната страна Девин Букер постигна 30 поени и 4 асистенции, а „ол-ароунд“ натпревар проследен со 22 поени, 8 скока и 5 асистенции одигра Крис Пол.

Џоел Ембид во поразот на Филаделфија од Минесота по продолжение со 120-121 забелажа 42 поени и 14 скока. Д’Анџело Расел беше предводник на гостите со 35 поени и 8 асистенции, додека Карл Ентони Таунс мечот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 10 скока.

Во остнатите натпревари Њујорк славеше на гостувањето кај Атланта со 90-99, Мајами го доби Чикаго со 104-107, Кливленд славеше со 105-92 над Орландо, Хјустон по продолженија беше подобар од Шарлот со 146-143, а Јута славеше со преубедливи 127-105 над Њу Орлеанс.

Коронавирус