четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Кошарка

Почина НБА легенда која освои десет шампионски прстени

Освои осум титули како играч и две како тренер, а подоцна работеше како коментатор.
Почина НБА легенда која освои десет шампионски прстени

Легендарниот играч и тренер на Бостон селтикс, а подоцна и коментатор Том Хајнсон почина на 86-годишна возраст. Тој не беше само играчка легенда на Селтикс, туку икона на клубот бидејќи на еден или друг начин присуствуваше на секој натпревар од 17-те титули на Келтите, пренесува Спортманија.мк

Тој е еден од само четворицата во историјата кои влегле во Куќата на славните и како играч и како тренер.

Хајнсон беше роден во Њу Џерси, а НБА-кариерата ја почна во 1957 година, заедно со славниот Бил Расел. Во златната ера на Селтикс освои осум прстени за девет сезони, а имаше огромен придонес за првата титула на Бостон, кога во седмиот меч против Сент Луис хокс, средба на која имаше две продолженија, даде 37 поени и собра 23 скока. Од играњето се откажа во 1965 година, па продаваше осигурување три години, пред да се врати во Селтикс како тренер во 1969 година. Не почна добро, но во 1974 и 1976 година на тимот му донесе две титули.

Потоа 30 години работеше како радио и ТВ-коментатор и беше познат по својата жестина, но таков беше, со цело срце се посветуваше на работата.

Коронавирус