четврток, 12. мај 2022. Вести денес: 204
home Кошарка

Победи на Феникс и Милвоки

Победи на Феникс и Милвоки

Екипата на Фенис Санс запиша победа против Индијана Пејсерс(113-103). Оваа ешеста победа во серија за лидерот во Западната Конференција.

Со 23 поени најефикасен беше Бриџс, но одлични партии и „дабл-дабл“ ефект запишаа Бијомбо со 21 поен и 13 скока, како и Крис Пол со 18 поени и 16 асистенции. Во таборот на Индијана најдобар беше Дуарте со 17 поени.

Шампионот Милвоки Бакс стигна до триумф против Сакраменто Кингс (133-127), иако играше без најдобриот Јанис Антетокумбо. Крис Мидлтон презеде одговорност, уфрли 34 поени и потпомогнат од Холиде,ј кој даде 26 поени, го водеше тимот до славје. Сега Милвоки има три победи во низа, наспроти трите порази на Сакраменто.

Ноќеска  Кливленд се радуваше против Оклахома (94-87) во последниот меч од програмата во НБА лигата.

Коронавирус