понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 22
home Кошарка

По неколку дена во кома, конечно добри вести за состојбата на Огњен Кузмиќ

По неколку дена во кома, конечно добри вести за состојбата на Огњен Кузмиќ

Добри вести дојдоа од српската претсолнина, откако Црвена звезда објави дека Огњен Кузмиќ бил изваден од вештачката кома во четвртокот вечер

Раководството на „црвено-белите“ додава дека кошаркарот веќе е свесен и се чувствува добро, а неговото опоравување оди во позитивна насока.

Потсетуваме дека Кузмиќ претрпе сериозни повреди на главата и градите во сообраќајна несреќа во Босна и Херцеговина и беше задржан неколку дена во медицинска кома.

Дваесет и девет-годишниот Србин потпиша договор со „звездашите“ во почетокот на јули, откако претходно две сезони беше дел од тимот на Реал. Центарот, висок 214 сантиметри, има титула од Евролигата со „белите“, а со српската репрезентација има сребрен медал од ЕП 2017 година. (МИА)