вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 142
home Кошарка

По 10 години, Лејкерси во финалето на Западот!

По 10 години, Лејкерси во финалето на Западот!

Лос Анџелес Лејкерс со 119:96 го победи Хјустон и со 4-1 во полуфиналната серија се пласираше во конференциското финале каде што ќе игра за прв пат после десет години.

Лејкерс одигра доминантен меч против Хјустон кој немаше сили да му парира на фаворитот. Езерџиите водеа буквално во текот на целиот меч, а на почетокот од последниот период имаа и 30 поени прадност. Конечниот резултат гласеше 119:96.

Леброн Џејмс со 29 поени, 11 скокови и седум асистенции беше најдобар Кај Лејкерс, во составот на Хјустон Харден имаше 30 поени.

Лејкерс во финалето на западот го чека подобриот од пресметката меѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер.

Коронавирус