понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 119
home Кошарка

Перо Антиќ во тимовите на деценијата на Олимпијакос и Црвена звезда (ВИДЕО)

Перо Антиќ во тимовите на деценијата на Олимпијакос и Црвена звезда (ВИДЕО)

Двете освоени европски титули со Олимпијакос и епитетот миленик на навивачите на Црвена звезда, на најтрофејниот македонски кошаркар му донесоа две големи признанија – избор на тимовите на деценијата на овие две екипи.

Изборот е во организација на Евролигата, а гласаа кошаркарските фанови ширум светот, што ги прави уште подрагоцени за првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Во тимот на Олимпијакос, Антиќ се наоѓа во друштво на величини како Василис Спанулис, Теодорос Папалукас, Милош Теодосиќ и Костас Слукас, додека во најдобриот состав на црвено-белите од Белград тој е во друштво на Бобан Марјановиќ, Стефан Јовиќ, Никола Калиниќ и Василије Мициќ.

Антиќ во дресот на Црвена звезда настапуваше двапати и тоа помеѓу 2005 и 2007 односно во сезоната 2017/18 година, додека беше дел од Олимпијакос во периодот помеѓу 2011 и 2013 година.

ИЗВОР: СПОРТ1

Коронавирус