вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 81
home Кошарка

Перо Антиќ денеска стана член на Собранието на Македонскиот олимписки комитет

Перо Антиќ денеска стана член на Собранието на Македонскиот олимписки комитет

Најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ денеска стана член на Собранието на Македонскиот олимписки комитет (МОК). Антиќ сѐ уште не е официјално во играчка пензија, а кон крајот на минатата година се зборуваше за негово реактивирање во Работнички за вториот дел од сезоната. Но засега од тоа нема ништо. Да потсетиме дека тој во моментов тој е и претседател и најголем акционер во кошаркарскиот клуб Гостивар.