сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Перо Антиќ: Ако на клубовите не им се допаѓам како работам, прв ќе си заминам

Перо Антиќ: Ако на клубовите не им се допаѓам како работам, прв ќе си заминам

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ во изминатата година подлежи под вистински критики од кошаркарската јавност .

„Војната“ која што клубовите ја водат со првиот човек на македонската кошарка трае од крајот на претходната сезона во која не беше прогласен шампион, продолжи со одлагањето на почетокот на првенството во предвиденото време, а кулминираше со неуспехот репрезентацијата да се пласира на Европското првенство.

Првиот човек на кошаркарската федерација во интервју за „Жешко столче“ зборуваше за моменталната состојба во македонската кошарка, за предизвиците и проблемите со кои се соочува самиот тој, но и мак-баскетот.

„Нема никаква вистина дека сум ги заштитувал (Работнички и Гостивар). Едноставно кога е кошарката, јас сум фер, тимски играч, тоа го знаат сите за мене. Гостивар имаат суспендиран тренер на две години од мене, немаат ни никој во репрезентација. Работнички немаат никого во репрезентација, напротив сите се од МЗТ. Тие се квалитетни тренери и тие треба да бидат таму. Работнички да има квалитет и тие ќе бидат во националниот тим, Струмица, Битола било кој град кој што има клуб, нека биде и од Втора лига, ако се квалитетни треба да се таму, така треба да гледаме на работите“ – додава претседателот на кошаркарската федерација.

Антиќ како што вели, доколку клубовите сметаат дека има подобар, слободно нека го сменат.

„Четиригодишен е мандатот, но воопшто не ми е важно. Ако не им се допаѓа на работењето, условите нека донесат подобар слободно. Ниту сум врзан за таа функција, ниту било кој треба да биде врзан за функција. Треба да биде врзан за доброто на кошарката, ако не им годи јас ќе најдам нов предизвик. Тоа е најмал проблем. Со најпозитвно сеќавање би излегол од таму. Клубовите одлучуваат, здруженијата, па ако не им се допаѓа прв ќе си отидам“  тврди Антиќ.

За разлика од претходните години, работата во македонската кошарка е на ниво погоре, младинските селекции полека излегуваат од „Б“ дивизијата и влегуваат во младинската „елита“, а со самото тоа ќе придонесе за подобра иднина.

Коронавирус