сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Кошарка

Пелистер сигурен,Кожув изненаден од Вардар

Пелистер сигурен,Кожув изненаден од Вардар

Кошаркарите на Пелистер остварија нов триумф од 95-81 и ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај МЗТ Скопје УНИ Банка .

За гостите ова е единесетта победа во македонското првенство, а до неа ја предводеа Кесар со 25 и Трајковски со 20 поени, додека на спротивната страна Монтгомери запиша 27 поени.

До триумф дојдоа и кошаркарите на Вардар кои направија изненадување против Кожув совладувајќи го со 95:86.

Дикембе со 20 поени бил најдобар реализатор во редовите на Вардар, а на спротивната страна Силаџи стигнал до 32 поени, кои не беа доволни за триумф на Кожув.

foto: sportmedia.mk

Коронавирус