вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 204
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

home Кошарка

Пелистер рутинирано против ФМП Академија

Пелистер рутинирано против ФМП Академија

Кошаркарите на Пелистер стигнаа и до вториот триумф во годинашната сезона во машкиот кошаркарски шампионат, откако без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај Академија ФМП со 66-89.

Гостите уште во првата четвртина ги разрешија сите дилеми добивајќи ја со 11-26. Тимот од Кисела Вода одигра на ниво само во третата четвртина која ја доби со десет поени и успеа да се приближи на минус четири 57-61.

Игор Кесар со деветнаесет поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Стефан Крстајиќ со 24 поени.

Локални избори 2021