недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер официјално прв на табелата по победата над Работнички

Пелистер официјално прв на табелата по победата над Работнички

Битолски  Пелистер плеј-офот ќе го пречека како лидер по завршување на регуларниот дел од сезоната во Првата машка кошаркарска лига. Битолчани по вторпат оваа сезона го совладаа Работнички со убедливи 94-77.

Домаќинот доминираше во текот на целиот меч, брзо го урна отпорот на противникот и без проблем се зацврсти на врвот со 39 поени или 17 победи и пет порази. Работнички овој дел од сезоната го завршува со 15 победи и седум порази.

Малешевиќ со 21 поен и Кесар со 16 поени беа први стрелци кај Пелистер, на другата страна 21 поен запиша Тортон.

ЕУРО 2020

Македонија