четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Кошарка

Пелистер го декласираше ТФТ

Пелистер го декласираше ТФТ

Во претпоследниот меч од регуларниот дел, битолски Пелистер му одржаа лекција на ТФТ совладувајќи го со убедливи 104:68.

Кесар со 27 поени и 6 скока беше прв стрелец, а зад него Малешевиќ постигна 22 поени, Стајиќ запиша 12. Кај ТФТ, Смит беше најдобар со 14 поени.

Неизвесна битка имаше само на стартот на мечот, гостите трипати поведоа (0-2, 4-5 и 5-6). Битолчани со серија од 7-0 дојдоа на плус осум (22-14).

Лесно го наметнаа темпото, по првото полувреме имаа предност од 45-33, но не застанаа пред крајот на третата четвртина негативата беше 24 поени (71-47).

До крајот предноста се одржуваше за конечни 104-68.

.

Коронавирус