четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Кошарка

Пау Гасол ја заврши репрезентативната кариера

Пау Гасол ја заврши репрезентативната кариера

Центарот Пау Гасол објави дека се повлекува од репрезентацијата на Шпанија, откако денес беше поразен од САД (81:95) во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио.

– Го одиграв мојот последен натпревар за репрезентацијата. Се обидов да направам се за да му помогнам на тимот. Денес би сакал да играм повеќе, но ги доживувам сите подеми и падови со репрезентацијата веќе 20 години. Благодарен сум на овој тим за поминатите моменти со него. Фактот што дојдов тука да играм веќе е успех. Би сакал нешто да биде поинаку, но ждрепката не ги донесе САД во четвртфиналето, изјави Гасол за „ОК Диарио“.

Како дел од шпанската репрезентација, 41-годишниот Гасол стана светски шампион и трикратен европски шампион.

Исто така, заедно со националниот тим, тој двапати освои сребрени медали на Олимписките игри и еднаш стана бронзен медалист.

Коронавирус