недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Кошарка

Омиќ потпиша за Будуќност

Омиќ потпиша за Будуќност

Словенечкиот центар Ален Омиќ ќе го засили АБА шампионот Будуќност, објави екипата од Подгорица.

Црногорците не објавија детали за договорот, туку потврдија дека ја пополнија центарската позиција која се покажа „тенка“ на Суперкупот одржан викендот во Лакташи.

Во јануари оваа година Омиќ од Хапоел (Израел) дојде во Црвена ѕвезда и настапи на 11 натпревари во Евролигата со просек од 11 поени, четири скока и две асистенции.