среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 112
home Кошарка

Олимпијакос подобар од Панатинаикос во Евролигата

Олимпијакос подобар од Панатинаикос во Евролигата

Олимпијакос го порази Панатинаикос со 79:65 во грчкото дерби од кошаркарската Евролигата. Дуелот се одигра пред 11.000 гледачи во Атина. Домаќините одиграа силна втора четвртина, а во средината на третиот дел поведоа со 49:29 и немаа проблеми до крајот на натпреварот.

За победниците Никола Милутинов забележа „дабл-дабл“ од 18 поени и 18 скокови. Јанис Стрелниекс исто постигна 18. За Панатинаикос, Ник Калатес се истакна со 13 поени и 7 асистенции.

Олимпијакос е петти во рангот со 10 победи и 6 порази, додека Панатинаикос е рангиран на 11-тото место со скор 7-9.

Лидерот на Фенербахче (Турција) го победи тимот на Басконија (Шпанија) со 96:87 и постигна 12 последователни и 15-ти вкупно успех на турнирот. Николо Мели беше најефикасен за Фенербахче со 19 поени. Јан Весели додаде 15, Марко Гудуриќ реализираше 14, додека Луиџи Датоме и Костас Слукас постигнаа по 13. За Шпанците, Шавон Шилдс зад своето име запиша 22 поени, додека Винсент Пори даде 15.

ЦСКА Москва (Русија) победи како гостин на Жалгирис (Литванија) со 84:79 по силна последна четвртина. Вил Клејборн постигна 19 поени за рускиот тим, од кои 15 во второто полувреме. 15 поени реализираше и Даниел Хакет. Нандо де Коло постигна 13, а за ЦСКА 11 додаде и Кори Хигинс. Кај Жалгирис најистакнат поединец беше Брендон Дејвис со 21 поен.

Барселона пак ја победи Дарушкафака (Турција) со 97:65 и забележа трет успех. Тома Јуртел постигна 18 поени за Каталонците, Кевин Серафен додаде 12, а Крис Синглтон и Јака Блажиќ постигнаа по 10 поени.

За гостите, кои се на последното место на табелата, Тони Даглас беше најпрецизен со 23 поени.

Резултати од Евролига, 16 коло:

Фенербахче (Турција) – Басконија (Шпанија) 96:87
Жалгирис (Литванија) – ЦСКА Москва (Русија) 79:84
Олимпијакос (Грција) – Панатинаикос (Грција) 79:65
Барселона (Шпанија) – Дарушафака (Турција) 97:65

Табела:

1. Фенербахче (Турција) 15 победи и 1 пораз
2. Реал Мадрид 13-3
3. ЦСКА Москва 14-4
4. Анадолу Ефес (Турција) 10-6
5. Олимпијакос 10-6…