среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 133
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Центар

home Кошарка

Олдриџ заминува од Сан Антонио

Олдриџ заминува од Сан Антонио

Ламаркус Олдриџ се подготвува да го напушти Сан Антонио. Тренерот на франшизата, Грег Попович, пред мечот со Далас Маверикс, потврдил дека Сан Антонио спогодбено се разделиле со Олдриџ.

Сан Антонио имаат неколку опции за трејд на 35-годишниот кошаркар, а расплетот се очекува до крајот на неделата. Доколку трејдот не биде реализиран до 25-ти март, тогаш Сан Антонио ќе мора да му исплатат на Олдриџ 24 милиони долари, колку што му следува според договорот.

Во случај на вакво сценарио, Олдриџ, ќе замине како слободен играч и сам ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Сезонава, Олдирџ, има просек од 13,7 поени, 4,5 скока и 1,7 асистенции.

 

Локални избори 2021