сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Окафор е новиот центар на Партизан?

Окафор е новиот центар на Партизан?

Пред стартот на новата сезона во Еврокупот, поранешниот европски шампион белградски Партизан се поврзува со довчерашниот НБА играч Џалил Окафор.

Минатата сезона тој ја заврши во Детроит, додека пред 20-тина дена потпиша за Атланта, но во понеделникот доби отказ од овој тим и сега е слободен играч.

Окафор игра на центарскаа позиција, висок е 208 сантиметри, а во 2015 година беше избран како трет пик на драфтот од Филаделфија, каде ги помина првите две професионални сезони во кариерата.

Потоа играше и за Бруклин, Њу Орлеанс и Детроит, но никаде не ги оправда очекувањата, а најдобра сезона му остана дебитантската во која постигнуваше по 17,5 поени и 7 скока по натпревар.

Коронавирус