недела, 16. декември 2018. Вести денес: 86
home Кошарка

Одложено дербито меѓу Работнички и МЗТ

Одложено дербито меѓу Работнички и МЗТ
Поради технички проблеми со помошните семафори за означување напад, денешното 140. дерби меѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром нема да се одигра вечерва.
„Вечното дерби“ е презакажано за утрешниот ден.
Работнички на својата официјална Фејсбук страница напиша дека дополнително ќе информира за точниот час на одигрување. Упати и орака до фановите дека билетите купени за денешниот натпревар ќе важат и утре.
МИА