среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Кошарка

Објавени буџетите: Ц. Звезда е како „гревче“ во однос на најбогатите во Евролигата!

Објавени буџетите: Ц. Звезда е како „гревче“ во однос на најбогатите во Евролигата!

Кошаркарската Евролига одамна е друштво на најбогатите, што се потврдува и со објавувањето на буџетите на екипите кои играат сезонава, а кои заедно изнесуваат околу пола милијарда евра.

Сумите се боли глава за македонски прилики, а единствениот претставник од нашиот регион, Црвена звезда, е убедливо последна на оваа листа иако управата на овој клуб ќе потроши дури 8,3 милиони евра за плати на кошаркарите, но и за останатите пропратни трошоци. Црвено белите имаат дури пет пати помал буџет од најбогатите евролигаши, што доволно говори за нерамноправната борба која се води во најсилното клупско европско натпреварување.

На врвот со најмногу пари на располагање е Барселона, која сезонава ќе потроши 41 милион евра, а веднаш зад неа се ЦСКА Москва со 40,7 милиони и Реал Мадрид од 40 милиони евра. Следуваат Химки со 33,3 милиони, Олимпија Милано со 31 милион и Фенербахче со 30 милиони евра. Дебитантот Зеник ќе потроши 26,7 милиони, Анадолу Ефес 24 милиони, исто колку и Макаби Тел Авив, додека Баерн Минхен ќе искешира 23 милиони евра.

Некогаш можните грчки тима, Олимпијакос и Панатинаикос, сега се во долниот дел од листата на најбогати екипи со буџети од 16 односно 14 милиони евра. На дното, заедно со Ц. Звезда се уште три екипи и тоа Жалгирис со 11,9 милиони, Асвел со 11,4 и Алба со 11 милиони евра.