вторник, 10. мај 2022. Вести денес: 166
home Кошарка

Ново заминување од К.К.Работнички

Ново заминување од К.К.Работнички

По Недим Мустафица, најтрофејниот македонски клуб го напушти и американскиот интернационалец Пол Џексон.

Според информациите од Работнички, тој веќе потпишал раскин на договорот и е слободен во изборот на својот нов клуб. Неофицијално, тоа ќе биде поранешниот евролигаш и првак на Полска, Зјелона Гора каде треба да биде претставен следните денови.

Отсуството на Џексон ќе биде огромен хендикеп за Работнички, можеби и ненадоместлив со оглед на тоа што Американецот во првите 12 кола од првенството беше убедливо најдобар играч во составот на Тони Симиќ. Со просек од 23,8 поени беше прв стрелец не само во Работнички, туку во целата Прва лига, а остваруваше уште 6,4 асистенции и 3,4 скока по натпревар.

Коронавирус