вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 66
home Кошарка

Новицки објави крај на кариерата

Новицки објави крај на кариерата
MEMPHIS, TN - APRIL 16: Dirk Nowitzki #41 of the Dallas Mavericks celebrates during a game against the Memphis Grizzlies on April 16, 2014 at FedExForum in Memphis, Tennessee. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2014 NBAE (Photo by Joe Murphy/NBAE via Getty Images)

Кошаркарот на Далас, Дирк Новицки најави дека ја завршува кариерата. Тој тоа го соопшти во својот говорот одржан ноќеска по натпреварот со Феникс.

-Како што можеше да се очекува, ова беше мојот последен натпревар. Ова е суперемоционален момент за мене. Би сакал да им се заблагодарам на многу луѓе и целиот клуб за поддршката, не само за вечерва, туку и низ сити 21 година поминати тука. Имав подеми и падови, но секогаш бевте со мене. Јас навистина го ценам тоа. Благодарение на моите соиграчи кои секогаш ме поддржуваа. Физички, оваа година беше тешка за мене, но ми дадоа поддршка. Благодарност и до семејство. Поминав прекрасни моменти во Далас, изјави Новицки.

Германецот постигна 30 поени со осум скока и три асистенции во триумфот над Феникс со 120:109.

Далас не успеа да се избори за место во плејофот.

Четириесет годишниот Дирк Новицки играше за Далас од 1998 година. Во 2011 година, тој стана шампион на НБА.

Четиринаесет пати учествуваше на НБА „Ол стар“ натпреварите.  Во кариерата неговиот просек е 20,7 поени, 7,5 скока и 2,4 асистенции по натпревар.