недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home Кошарка

Нов рекорд за Дончиќ во Далас

Нов рекорд за Дончиќ во Далас

Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ постави уште еден клупски рекорд. На натпреварот одигран ноќеска на домашен терен против Портланд, Словенецот постигна 44 поени.

На претходните два натпревари Дончиќ постигна 46 и 28 поени. Така, во текот на изминатите три натпревари, тој има 118 поени, што е рекордна бројка.

Претходно во историјата на нба-лигашот Маверикс, никој не постигнал толку многу на три последователни натпревари.

Последниот играч во тимот кој постигна над 110 поени на три натпревари беше Дирк Новицки во 2007 година.

ЕУРО 2020

Македонија