понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 88
home Кошарка

Нов пораз на Академија ФМП во БИБЛ лига

Нов пораз на Академија ФМП во БИБЛ лига

Академија ФМП никако да го скрши мразот во БИБЛ лигата, бидејќи вечерва го претрпе и четвртиот пораз на исто толку одиграни натпревари во регионалното натпреварување. Македонскиот претставник овојпат беше поразен од Балкан со 80:71. ФМП Академија успеа да ја намали штетата такашто ги доби втората и последната четвртина, но тоа беше доволно само за поблаг пораз, кој сепак е четврти во БИБЛ лигата.

Ајви со 21 постигнат поен беше најефикасен кошаркар во редовите на македонскиот тим, а исто толку во победничкиот тим постигна и Дерик Маркс. Балкан е втор со оваа победа во групата А, додека Академија ФМП останува четврта со билансот од четири порази и ниту една победа.

Коронавирус