четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Кошарка

Нов личен рекорд на Лука Дончиќ во НБА

Нов личен рекорд на Лука Дончиќ во НБА

Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд по број на постигнати поени во НБА лигата. Тој ноќеска на натпреварот против Њу Орлеанс (143:130) постигна 46 поени за 40 минути на теренот, оствари осум скока и направи 12 асистенции.

За 21-годишниот словенечки репрезентативец, кој беше избран од Атланта на драфтот во 2018 година и веднаш беше тргуван од Далас, ова е личен рекорд по број на постигнати поени во најсилната кошаркарска лига на светот.

Во моментов Далас е рангиран на 9. место во Западната конференција со биланс од 13 победи и 14 порази.

ЕУРО 2020

Македонија