четврток, 5. октомври 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Њу Орлеанс се пласираше во полуфиналето на Западната конференција

Њу Орлеанс се пласираше во полуфиналето на Западната конференција

Њу Орлеанс пеликанс со серија од 4:0 во плејофот ги совладаа Портланд трејлбрејзерс и се пласираа во полуфиналето на Западната конференција.

Пеликанс се првиот тим кој успеал од шестата позиција да победи на сите четири натпревари во плејофот против подобропласираниот ривал.

На четвртиот натпревар Њу Орлеанс го совлада Портланд со 131:123. А во победничкиoт тим се истакна Ентони Дејвис со 47 поени и Џру Холидеј со 41 поен.

Кај Портланд, Си Џеј Мекалам постигна 38 поени, а Ал-Фарук Амину реализираше 27 поени.

Филаделфија со победата од 106:102 поведе со 3:1 во серијата против Мајами хит.

Минесота го совлада Хјусон со 121:105 и ја намали предноста на Рокитс на 2:1.

Јута со 115:102 ја победи Оклахома и поведе со 2:1 во нивната серија.