сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Кошарка

Никола Јокиќ го престигна Мајкл Џордан

Никола Јокиќ го престигна Мајкл Џордан

Српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ го надмина Мајкл Џордан според бројот на натпревари со трипл-дабл ефект во регуларен дел од сезона. Во драматичната победа на Денвер на Феникс, по продолженија, Јокиќ го забележа 29. трипл-дабл, постигнувајќи 23 поени, 14 скока и 13 асистенции. Тој сега се наоѓа на 12 позиција на делба на местото со Грент Хил.

„Тоа е убаво, но статистиката навистина не ми е важна. Не би рекол дека не ми е драго, но тоа сепак не претставува ништо посебно. Се надевам дека ќе го надминам Мајкл Џордан по бројот на освоени титули. Тоа би било многу подобро“ – изјави Јокиќ.

Коронавирус