среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 66
home Кошарка

Неверојатно сведоштво: Џордан прво ми удри бокс, а дури потоа почна да ми верува!

Неверојатно сведоштво: Џордан прво ми удри бокс, а дури потоа почна да ми верува!

Документарниот серијал „Последниот танц“ посветен на шестата шампионска сезона на Чикаго булс во сезоната 1997/98, но и на целиот живот на најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан, на виделина вади работи кои досега и не биле премногу познати на јавноста, а кои на идеален начин ја опишуваат НБА во тоа време.

За такво нешто сведочи бекот во тој состав на „биковите“, Стив Кер, кој сега работи како тренер на Голден стејт вориорс, кој потенцира дека на еден од тренинзите добил удар со тупаница в лице од Џордан, што всушност помогнало да има одличен однос со него. Инцидентот се случил на подготовките за сезоната 1995/96, првата сезона по враќањето на „летечкиот“ по едно ипол годишното отсуство поради обидот да стане безбол играч.

„Се чувствував дека го поминав тестот бидејќи не се повлеков по неговиот удар и дефинитивно му помогна на нашиот однос, што секако звучи чудно. Такво нешто никому не би му препорачал. Мајкл тогаш ме тестираше, јас одговорив и по тој момент многу повеќе ми веруваше на паркетот“, изјави Кер.

Во книгата на Фил Џексон, тогашниот тренер на Чикаго, се спомнува и цитат на Џордан поврзан токму во ударот кој му го нанел на својот соиграч.

„Тоа ме примора да се согледам себе си и да си кажам: ‘Знаеш што? Се однесуваш како будала во целиот овој процес’“, бил цитатот на „Ер Мајкл“ во книгата на тренерот.

Според сегашниот предводник на „воините“, таа тепачка треба да се разгледа низ призмата на големиот ривалитет кој владеел во тимот. Во тоа време, вели Кер, тренинзите биле далеку поинтензивни отколку денеска.

„Речиси во секој тим во кој играв имаше тепачки на тренинзите и никој на тоа не гледаше како на голем проблем“, заврши Кер.

ЕУРО 2020

Македонија