недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Неверојатно: Србинот Богдановиќ реди тројки и со – затворени очи! (ВИДЕО)

Неверојатно: Србинот Богдановиќ реди тројки и со – затворени очи! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Сакраменто кингс, Богдан Богдановиќ, беше најдобриот поединец во убедливата победа на Србија против Ангола (105-59) и тоа со 24 постигнати поени, а дека е во одлична форма потврдува и на тренинзите.

Бекот традиционално на секое големо натпреварување се обложува со помошник-селекторот Мирослав Николиќ, па така беше и денеска во Кина. Овој пат тоа беше дали Богдановиќ може да погоди неколку тројки во серија и тоа со – затворени очи.

И, нормално, тоа му успеа, покажувајќи дека на Мундобаскетот ќе биде клучен адут во тимот предводен од селекторот Александар Ѓорѓевиќ.