понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 42
home Кошарка

Неверојатниот 20-годишен Тајлер Хиро сруши рекорд на Двејн Вејд и го донесе Мајами на една победа од финале (ВИДЕО)

Неверојатниот 20-годишен Тајлер Хиро сруши рекорд на Двејн Вејд и го донесе Мајами на една победа од финале (ВИДЕО)

Мајми во четвртиот натпревар од финалето на Истокот славеше против Бостон со 112-109, поведувајќи со 3-1 во серијата за само чекор од сензационален пласман во големото НБА финале.

Херој на Мајами беше 20-годишното руки во тимот, Тајлер Хиро кој постави рекорд на кариерата со 37 поени, од кои 17 во последната четвртина, заклучно со две слободни фрлања на 14 секунди пред крајот со кои го однесе Мајами на недостижни плус пет.

Хиро за 10 поени го сруши и рекордот на Мајами за руки во доигрувањето, кој со 27 поени го држеше Двејн Вејд. И се запиша како само втор 20-годишен кошаркар во НБА историјата кој постигнал најмалку 37 поени во доигрувањето. Прв е Меџик Џонсон од далечната 1980 година со 42 поени, кога место Карим Абдул-Џабар влета на центарската позиција во тимот.

Хиро на синоќешниот натпревар имаше и одлична поддршка од уште тројца кошаркари на Мајами кои постигнаа по најмалку 20 поени, Батлер со 24 поени, Горан Драгиќ – 22 поени и Бем Адебајо со 20 поени.

Кај Бостон најдобар беше Џејсон Татум со 28 поени, Џејлон Браун постигна 21 поен а Кемба Вокер натпреварот го заврши со 20 поени.

Мајами можност за крај на серијата ќе има сабота наутро по средноевропско време. Доколку успее да се избори за финале, ќе биде тоа прво за Мајами по заминувањето на Леброн Џејмс во 2014 година, шесто во историјата и прво без Двејн Вејд во составот.

Коронавирус