петок, 7. мај 2021. Вести денес: 173
home Кошарка

Ненад Димитријевиќ го напушта Хувентуд

Ненад Димитријевиќ го напушта Хувентуд

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ на крајот од сезоната ќе го напушта Хувентуд, а следна дестинација на најдобриот македонски кошаркар во моментов ќе биде шпанскиот прволигаш Валенсија.

Ова го тврди  „Инсајд Баскет“, специјализиран медиум за шпанската кошарка и  според кој сите детали од преселбата на Димитријевиќ во Валенсија се веќе договорени.

Договорот на Македонецот истекува на крајот од сезонава, а од неколкуте понуди на маса тој ја избрал токму онаа на Валенсија.

Коронавирус