петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Небото е граница за Кари,но неговиот тим загуби (ВИДЕО)

Небото е граница за Кари,но неговиот тим загуби (ВИДЕО)

Најдобриот шутер во моментот во НБА лигата Стефон Кари пишува историја, но неговиот тим Голден стејт е поразен од Бостон со 119:114. Бекот на Воините постигна 47 поени и погоди дури 11 тројки, што му е трет меч по ред со 10+ погодени удари за три поени.

Аналитичарите извадија податок дека за една недела Кари сам има погодено повеќе тројки од четири тима во НБА лигата.

Извонредна партија баскет на истиот меч одигра и Џејсон Тејтум од Бостон со 44 постигнати поени и 10 скока.

Резултати: Чикаго – Кливленд 106:96, Вашингтон – Детроит 121:100, Бостон – Голден стејт 119:114, Милвоки – Мемфис 115:128, Феникс – Сан Антонио 85:111.

Коронавирус