четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Кошарка

НБА воведува нови правила за поатрактивна кошарка

НБА воведува нови правила за поатрактивна кошарка

Најквалитетната светска кошаркарска лига НБА од следната сезона ќе воведе измени за времето за напад по офанзивен скок, а ќе се поедностави правилото за неспортски грешки и ќе се прошири дефиницијата за неспортско однесување.

Во НБА очекуваат правилото за ресетирање на часовникот за игра од 24 на 14 секунди по офанзивен скок да го зголеми бројот на шутеви и да ги направи натпреварите уште повозбудливи.

Правилото за неспортски грешки ќе биде поедноставено и многу полесно ќе се судат овие фаули, а воедно со новите измени судиите ќе имаат поголемата слобода да ги спречат играчите неспортски да се однесуваат меѓу себе, но и кон тренерите, судиите и публиката.

Меморандумот со измените веќе е испратен до директорите и тренерите на сите тимови, а се очекува да добие двотретинско мнозинство на состанокот на Управата закажан за 20 и 21 септември. (МИА)