четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Кошарка

НБА постигна договор со синдикатот на играчи

НБА постигна договор со синдикатот на играчи

Раководството на НБА официјално објави дека постигна договор со синдикатот на играчи за измена на договорот за колективно договарање пред сезоната 2020/21.

Договорот мора да биде одобрен од Одборот на гувернери на НБА.

НБА и синдикатот разговараа за промените поради пандемијата, што значително влијаеше на финансиите и календарот на лигата.

Договорно е сезоната 2020/21 да почне на 22 декември, екипите да одиграат по 72 натпревара во регуларниот дел од сезоната, да се користи нов систем на дистрибуција на кошаркарскиот приход. Лимитот на платата ќе биде утврден на 109.140 милиони американски долари, Пазарот на слободни агенти ќе се отвори на 20 ноември. (МИА)

Коронавирус