НБА лигата на својот официјален јутјуб канал објави емотивно видео посветено на Коби Брајант.
Коби за 20 години поминати во ЛА Лејкерс пет пати беше шампион, два пати најкорисен кошаркар во финалната серија и еднаш беше МВП на регуларниот дел од сезоната.
Со репрезентацијата на САД двапати го освојуваше златниот медал на Летните олимписки игри (Пекинг 2008 и Лондон 2012).