вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 136
home Кошарка

НБА лигата со порака до клубовите: Да не се прават тестови на кошаркарите кои се без симптоми на Ковид-19

НБА лигата со порака до клубовите: Да не се прават тестови на кошаркарите кои се без симптоми на Ковид-19

Најсилното клупско кошаркарско натпреварување – НБА лигата им препорача на клубовите да не прават проверка на асимптоматски играчи и персонал за присуство на коронавирус.

Тоа значи да не се тестираат играчите кои не покажуваат симптоми на Ковид-19.

Во моментов, имајќи ја предвид општата состојба, непрактично е редовно да се проверуваат сите играчи и персонал за присуство на коронавирус, но немора да се прават тестирања на играчите кои немаат симптоми, се вели во пораката на надлежните од најсилната кошаркарска лига на светот.

Во меморандумот се забележува дека НБА лигата бара можности за општо тестирање во рамките на лигата и очекува да го воведе овој систем по продолжувањето на активностите на екипите.

Се проценува дека доколку заврши сезоната, во лигата ќе треба околу 15 илјади тестови.

ЕУРО 2020

Македонија