вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 155
home Кошарка

НБА лигата им препорача на клубовите да не прават тестови на играчи без симптоми на коронавирусот

НБА лигата им препорача на клубовите да не прават тестови на играчи без симптоми на коронавирусот

НБА лигата им препорачува на клубовите де не вршат проверка на асимптоматски играчи и персонал за присуство на коронавирус.

– Во моментов, имајќи ја предвид општата состојба, непрактично е редовно да се проверуваат сите играчи и персонал за присуство на коронавирус, се вели во пораката на надлежните од најсилната кошаркарска лига на светот.

Во меморандумот се забележува дека НБА лигата бара можности за општо тестирање во рамките на лигата и очекува да го воведе овој систем по продолжувањето на активностите на екипите.

Се проценува дека доколку заврши сезоната, во лигата ќе треба околу 15 илјади тестови.

Коронавирус