среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА лигата им овозможи на клубовите од 1 мај да ги отворат центрите за тренинзи

НБА лигата им овозможи на клубовите од 1 мај да ги отворат центрите за тренинзи

Раководството на НБА лигата им овозможи на клубовите од 1 мај повторно да ги користат нивните центри за обука. Ова го објави новинарот на ЕСПН, Адријан Воинаровски, на Твитер.

Клубовите лоцирани во државите кои ги намалија нивните карантински мерки поради пандемијата на коронавирус ќе можат повторно да ги користат нивните сали за тренинзи.

Ваквата одлука не значи дека натпреварите во редовна сезона во НБА лигата ќе продолжат. Прашањето за рестартирање на сезоната сè уште не е решено.

Во исто време, центрите за обука ќе бидат отворени само за индивидуална работа, но групните активности сè уште се забранети.

ЕУРО 2020

Македонија