четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 74
home Кошарка

НБА играчите се откажуваат од броевите 8 и 24

НБА играчите се откажуваат од броевите 8 и 24

Голем број играчи во НБА, решиле да ги променат своите дресови броеви во чест на Коби Брајант.

Добар број од оние што носат број 8 и 24 решија да го променат бројот во чест на трагично загинатата легенда, а првиот што направи ваков потег е кошаркарот на Бруклин Нетс, Спенсер Динвиди.

Играше во дресот со број 8. Истиот број го носеше Брајант половина од својата кариера, па во неговова чест Динвиди се откажа од бројот и го зеде бројот 26.

Бројот 26 го избра Спенсер од едноставна причина. Тој го зеде збирот од бројот 24 што го носеше Коби, и бројот 2 кој го носеше неговата ќерка Џана, која исто така почина во хеликоптерска несреќа.

Покрај кошаркарот на Нетс, бројот го смени и Теренс Рос од Орландо Меџик. Тој ќе игра на број 31 до крајот на сезоната.

Голем број на играчи се очекува да го сторат истото во наредните денови, а некои, наводно, решиле да го почестат во Коби носејќи ги неговите броеви.

 

Коронавирус