сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА ги менува мерките за борба против лошото однесување на навивачите

НБА ги менува мерките за борба против лошото однесување на навивачите

Раководството на НБА-лигата ги смени правилата за борба против лошото однесување на навивачите. Според „Атлетик“, промените биле предизвикани од бројни инциденти со гледачи за време на првото коло од плејофот.

Сега од клубовите се бара три пати во текот на натпреварот да објавуваат кодекс за однесување и да обезбедуваат зголемена безбедност во арените.

Покрај тоа, покрај забраната за присуство на натпревари, лигата бара и поведување судски спорови за предизвикувачите на инциденти.

Во второто коло во плејофот од најсилната кошаркарска лига на светот досега место изборија: Атланта, Филаделфија, Милвоки, Бруклин и Јута.

Коронавирус