Најсилната кошаркарска лига мака мачи поради проблемите кои ги прави коронавирусот, а комесарот на НБА, Адам Силвер, тврди дека на сите играчи ќе им биде дозволено да играат на Олимписките игри во Токио доколку самите сакаат.
Сè уште немаме планови за патувања за следната сезона, но со голема веројатност, нема да патуваме во странство следната сезона. Но, останува планот да се обидеме да ја продолжиме нашата сезона што е можно поблиску до таканаречениот нормален формат следната година. Тоа беше една од причините зошто, поставувајќи го распоредот за оваа година, решивме да застанеме во средината на јули. Сакавме да им дозволиме на НБА играчите да учествуваат на Олимписките игри, а исто така сфативме дека ако сакаме да се вратиме во нормалниот циклус на игра, нашите играчи мораа да паузираат пред да започне сезоната, па не сакавме да завршиме пред крајот на летото или почетокот на есен,, како што направивме минатата сезона, вели Силвер.
Комесарот на НБА исто така истакна дека нема да ги принудува играчите да се вакцинираат, но дека верува дека голем број кошаркари доброволно ќе ја примат вакцината.
Веќе гледаме, расте бројот на лица кои се вакцинирани, а исто така и бројот на луѓе кои сакаат да примат вакцина. Мислам, што се однесува до оние кои се двоумеа, тие го видоа влијанието на краток рок и слушнаа колку се неверојатно ефикасни вакцините. Тие треба да донесат лична одлука и јас го сфаќам тоа многу сериозно, но чувството ми кажува дека повеќето играчи ќе бидат вакцинирани доброволно. Освен што имаат лична корист од вакцинирањето, исто така ако се вакцинирани, играчите не мора да бидат во карантин поради близок контакт со заразено лице. Многу играчи мораа да пропуштаат натпревари иако не беа позитивни, додаде Силвер.