петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Кошарка

Нандо Де Коло избран во Тимот на деценијата во Евролигата

Нандо Де Коло избран во Тимот на деценијата во Евролигата

Францускиот кошаркар Нандо Де Коло е избран во симболичниот тим на Евролигата за оваа декада. На гласањето учествуваа навивачи, новинари, играчи и главни тренери на клубовите.

Де Коло мина шест сезони во елитното натпреварување во текот на изминатата деценија, од кои пет се со ЦСКА и последната сезона со Фенербахче.

Играчот беше втор на листа ефективност со 3.222 бода, од кои 2.886 поени и 336 асистенции.

Со ЦСКА Москва, Де Коло двапати стана шампион на Евролигата (2016, 2019 година), а ги освои и главните индивидуални награди на фајнал фор: најпродуктивен играч, МВП на сезоната и МВП на Ф4, а се најде и во идеалната петорка.

Коронавирус