вторник, 3. август 2021. Вести денес: 164
home Кошарка

Нандо Де Коло го продолжи договорот со Фенербахче

Нандо Де Коло го продолжи договорот со Фенербахче

Францускиот кошаркарски репрезентативец, Нандо Де Коло го продолжи договорот со тимот на Фенербахче за уште една година.

Де Коло минатата сезона за турскиот тим во Евролигата имаше просек од 15,8 поени, 3,9 асистенции и 3,2 скока по натпревар.

Во досегашната кариера, францускиот кошаркар, кој игра како плејмејкер и бек, двапати ја освои титулата европски шампион со тимот на ЦСКА од Москва (2016 и 2019 година), а во 2016 година беше прогласен за најкорисен играч во Евролигата.

Коронавирус