сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 38
home Кошарка

Најавени дваесет учесници во кошаркарската Евролига од 2023 година

Најавени дваесет учесници во кошаркарската Евролига од 2023 година

Оваа сезона во кошаркарската Евролига ќе се натпреваруваат осумнаесет клубови, од кои тринаесет имаат „А“ лиценца за елитно натпреварување, а планот на Жорди Бертомеу е да го зголеми бројот на учесници во наредните години.

Наскоро Евролигата ќе го објави планот за проширување. Челниците на клупската елита не можат да игнорираат дека има атрактивни проекти на „стариот континент“ и тие заслужуваат место во елитата.

Се наведуваат примери како белградски Партизан, Виртус и Валенсија, се почесто споменуваниот Париз, како клубови кои заслужуваат место во Евролигата, но го не играат поради ограничениот број места.

Бертомеу веќе долго време разговара со сопствениците на лиценците, па затоа се очекува кругот на клубови да се прошири уште повеќе (прв во редот е германска Алба).

АБА лигата ќе има најмалку еден учесник во Евролигата во сезоната 2022/23. Но, ако Партизан го освои Еврокупот, а Црвена Звезда е најдобра во АБА лигата – тогаш ќе играат два тима од регионот.

Лошата вест е дека не се очекуваат промени пред летото 2023 година, кога бројот на клубови со „А“ лиценца би можел да се зголеми на шеснаесет.

Коронавирус