сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје убедлив против Еуро Никел

МЗТ Скопје убедлив против Еуро Никел

Доколку ги добијат последните два меча, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром може да сметаат дури и на бројот 1 пред стартот на плеј-офот во Првата лига.

Потполн реванш направија играчите на МЗТ Скопје во предвелигденското дерби со Еуро Никел 2005 славејќи со резултат 96:81, иако по првата четвртина водеа домаќините по првото полувреме со 48:45. На денешниот меч во победничките редови доминираше Магдевски со 19 поени, четири помалку запиша Карачиќ.

На спротивната страна 18 коша беа дело на Рикиќ (девет скока), а 17 поени забележа Соколов додавајќи шест скока, но и четири загубени топки.„Металците“ до особено важен триумф на гостувањето во „Јасмин“, освоија два бода со кои се приближија до самиот врв на табелата.

.Табела: Пелистер 37 бодови, Еуро Никел 37, Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 34, Гостивар 33, ТФТ 33, ФМП Академија 33, Кожув 32, Куманово 31, МЗТ Скопје Уни Банка 28, Вардар 25, Црн Дрим 22.

Коронавирус