четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје се засили со Немања Милошевиќ

МЗТ Скопје се засили со Немања Милошевиќ

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром се засили денеска со повремениот црногорски репрезентативец Немања Милошевиќ, промовирајќи го своето најново засилување на една недела пред стартот на новата сезона во домашното првенство.

Искусниот 34-годишен крилен центар (204 см) доаѓа од редовите на новиот член на АБА лигата, подгорички Студентски центар.

Претходно во кариерата Милошевиќ настапуваше за Морнар, Јамбол, Бургас, Бриндиси, Орлеанс, Орадеа, Лукоил и Солнок, а зад себе има шампионски титули во Црна Гора и Бугарија.

Милошевиќ ќе им се приклучи на хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ, како и на Американците Дастин Вер и Хуан Дејвис, кои од почетокот на подготвителниот период се дел од МЗТ Скопје.

 

Локални избори 2021