понеделник, 9. мај 2022. Вести денес: 181
home Кошарка

МЗТ Скопје рутинирано против Кожув

МЗТ Скопје рутинирано против Кожув

Кошаркарите на МЗТ Скопје во меч од 13. коло од Првата лига убедливо го совладаа Кожув  со 86-71, што беше десетти триумф за овој клуб сезонава на домашна сцена.

Кристијан Николов со 17 поени и осум асистенции беше најдобар кај МЗТ, каде што двоцифрен ефект имаа уште и Немања Милошевиќ со 14 поени, Бојан Крстевски и Хуан Дејвис со по 12, Роберт Рикиќ со 11 и Дамјан Стојановски со 10 поени.

Тревор Бродвеј со 28 поени беше убедливо најдобар кај Кожув.

 

Коронавирус