петок, 27. јануари 2023. Вести денес: 18
home Кошарка

МЗТ Скопје преку Мега до втора победа во АБА лигата

МЗТ Скопје преку Мега до втора победа во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го запиша вториот триумф во АБА-лига, откако на домашен терен ја совлада Мега со 94-82 во рамките на осмото коло.

Актуелниот македонски првак после повеќе од месец дена успеа да се израдува на победа во јадранското натпреварување.

Ајви постигна 15 поени и 6 асистенции, Кефи имаше 14 поени и 8 асистенции, Војдан Стојановски имаше 12 поени, 11 постигнаа Дамјан и Бурсаќ, додека десет поени реализираше Крстевски.

Во следното коло, актуелниот македонски првак игра против Игокеа на гостински терен.