петок, 21. септември 2018. Вести денес: 68
home Кошарка

МЗТ Скопје подобар од шампионот на Бугарија

МЗТ Скопје подобар од шампионот на Бугарија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го победија бугарскиот шампион Левски Лукоил со 97:93 синоќа во контролен натпревар одигран во „СЦ Јане Сандански“.

Сино-белите ја имаа контролата врз играта и резултатот во најголемиот дел од средбата. Најголемото водство на домаќините изнесуваше 14 поени (70:56).

Шестмина кај МЗТ имаа двоцифрен поентерски ефект. Лестер Медфорд реализира 21 поен, Иве Иванов и Андрија Бојиќ по 15 поени, Џејмс Вудард беше стрелец на 12 поени додека Дамјан Стојановски и Марко Симоновски постигнаа по 11 поени.

Двете екипи ќе одиграат уште еден контролен меч (утре на пладне), кој ќе биде од затворен карактер.

„Штрковите“ имаат два од два во подготвителните натпревари пред новата сезона, откако го совладаа и Гостивар.

Првиот натпревар во АБА2-лигата македонскиот тим ќе го има на 27 септември против Хелиос на домашен терен.

(Миа)