вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје пак подобар од Еуро Никел

МЗТ Скопје пак подобар од Еуро Никел

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во Кавадарци го победи Еуро Никел со 75:69 во дербито на третото коло од кошаркарското првенство.

Домаќините добро го отворија мечот и успеаа да ја добијат првата четвртина со 21-17, но МЗТ направи пресврт и веќе до полувремето имаше водство од 10 разлика.

Во вториот дел домаќините не успеаа да направат ништо значајно, а Аеродромци го контролираа мечот.

Дамјан Стојановски со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, кај поразените се истакнаа Џонатан Дејвис и Бранислав Џекиќ со 13 поени.

Коронавирус