понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 141
home Кошарка

МЗТ Скопје на 17 април го почнува баражот со Задар

МЗТ Скопје на 17 април го почнува баражот со Задар

Бараж пресметките за место во регионалната кошаркарска АБА-лига меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Задар ќе стартуваат на 17 април.

За МЗТ Скопје Аеродром ова е втора шанса да се врати во елитата во регионот, откако не успеа во дуелите со Приморска во финалето на плејофот од АБА 2-лигата.

Задар ќе ја има предноста на домашен терен во евентуалната мајсторка.

Серијата се игра во два добиени натпревара.

Првиот е на 17 април на теренот на хрватскиот тим, МЗТ ќе биде домаќин на 23 април, а ако биде потребно да се игра трет натпревар, Задар повторно ќе биде домаќин на 30 април.